Nailner
Nailner > Корисни совети > 5 совети за здрави нокти

5 совети за здрави нокти

Автор на текстот
Јасмина Kokol

Со само неколку промени во својот начин на живот може да спречите габична инфекција на ноктите на нозете и рацете. Да погледнеме неколку совети како да ги заштитите здравите нокти и како да спречите габична инфекција.

1. Сечете ги ноктите редовно и правилно

Не е важно само редовно да ги сечете ноктите, туку важен е и начинот на кој ги сечете. Кај ноктите на нозете внимавајте да ги сечете право, а од страната само малку заоблете ги доколку е потребно. Предолгите нокти почесто се кршат, а неправилното сечење води до враснување на ноктот. При сечењето внимавајте да не ја повредите кожата околу ноктот и никако не ја сечете. Својата турпија и ножички за нокти не ги делете со никого.

Скршените и враснати нокти предизвикуваат болка и изгледаат непривлечно, па затоа правилното сечење е исклучително важно

2. Погрижете се за често миење и редовна хигиена

Редовната хигиена се подразбира, но секојдневното миење на нозете многумина не го сфаќаат сериозно. Бидејќи во текот на денот на стапалото се насобира многу голема количина пот, нечистотии и бактерии, важно е секоја вечер да се измие со вода и гел за туширање или сапун. Не заборавајте темелно да ги исчистите деловите помеѓу прстите, бидејќи таму бактериите најмногу се размножуваат. На крајот добро исушете ги стапалата.

Редовното миење и темелното сушење важи и за одржување на хигиената на рацете. Особено треба да бидат внимателни лица кои на работното место доаѓаат во контакт со шеќер кој го забрзува растот и размножувањето на габичките.

При чистење на стапалата и рацете не заборавајте нежно да ја исчистите и нечистотијата под ноктите, но внимавајте притоа да не ја подигнете површината на ноктот од неговото лежиште.

3. Избегнувајте влажни стапала и дланки

Знаејќи го фактот дека габичките сакаат топла и влажна средина, при спречување на габични инфекции на ноктите важно е истите да ги избегнувате. Ако дланките и стапалата ви остануваат влажни, се зголемува ризикот од појава на инфекција предизвикана од габички. Затоа добро исушете ги рацете после миење садови, туширање, капење. Ако често ги влажните рацете, употребувајте квалитетни заштитни ракавици. После секое натопување на стапалата важно е добро да ги исушите, а притоа не смеете да го заборавите делот околу прстите.

4. Носете обувки кои дишат

За да го намалите потењето на нозете, некои чорапи и обувки се од природни материјали кои пропуштаат воздух. Најдобро е да се користат чорапи од 100% памук, бидејќи во нив стапалата помалку ќе ви се потат, а памучните чорапи ќе ја впијат влагата и нозете ќе ви останат суви. Кога чорапите ви се мокри, што поскоро заменете ги со нови и чисти. Своите чорапи и обувки не ги делете со други луѓе. Обувките добро проверете ги и исушете ги пред да ги облечете повторно. 

Советуваме да имате по два пара спортски и службени обувки, за да си ги менувате; на тој начин никогаш нема да облечете мокри и нечисти обувки

5. Внимателно во сауните, спортските објекти и јавните базени

Бидејќи габичните инфекции се заразни, многу е важна нивната превенција. Кај лица кои живеат во ист дом, габичните инфекции може да се пренесат преку: пешкир, чорапи, папучи и други обувки. Веројатноста за пренесување на инфекцијата е поголема во јавните простории каде има многу луѓе и влага, што овозможува преживување на габичките во сауните, спортските објекти и базените. Кога ги посетувате овие места, препорачливо е да не носите пластични обувки, а пред заминување добро да ги измиете и темелно да ги исушите нозете.  

Поврзани текстови

Препознајте ги промените на ноктите

Дури 50% од сите промени на ноктите се однесуваат на габични инфекции, кои се едни од најчестите причини за овие промени. Онихомикозата е габична инфекција на ноктите која може да ги зафати ноктите на нозете и на рацете.

Повеќе

Каде можам да купам?

Nailner 2 во 1 лак и пенкало достапни се во аптеките.