Базен: идеална средина за габични инфекции на ноктите
Сончевото време и високите температури нѐ поттикнуваат на активности на отворено. Некои од нас одат на спортски игралишта, а други на базен. Меѓутоа, топлото време како што нѐ привлекува и ни го подобрува расположението, така е и поволно за габичките кои обожаваат влажна и топла клима. Токму поради тоа, базените се идеална околина за нивен раст и развој.
Каде има многу луѓе, таму има и габични инфекции
Таму каде што има маса од луѓе, таму се наоѓаат и габичките, особено ако има поволни услови за нив. Инфицираните капачи ги пренесуваат габичките во чистите делови од базените и околните површини како што се гардеробите и тоалетите. Габичките таму може да преживеат подолго време, а бидејќи габичните инфекции на ноктите се многу заразни и за пренос на инфекцијата потребна е само мала повреда или пукнатина на површината на ноктот, освен нови доживувања од базените многу лесно може да донесете и непријатна габична инфекција на ноктите.
Дали знаевте дека габични инфекции на ноктите имаат приближно 10% од луѓето? Во лица кои подлежат на габични инфекции спаѓаат пливачи и спортисти бидејќи често се изложени на јавни површини каде габичните инфекции најчесто се пренесуваат.
Важна е информираноста за габична инфекција на ноктите
Луѓето треба да бидат информирани за габичните инфекции, за начинот на нивно ширење и спречување, како и за тоа како се отстрануваат габичните инфекции. Лицата со инфекција по правило не би требало да одат на базен се додека не се санира габичната инфекција на ноктот. Меѓутоа, бидејќи многу луѓе не ја препознаваат габичната инфекција на време и не се информирани дека брзината на третманот зависи од тоа колку е зафатен ноктот, тегобите може да траат и неколку месеци.
Развој на габичната инфекција на ноктите
Габичното заболување на ноктот вообичаено започнува на страничниот дел од ноктот. Габичките се вовлекуваат во коренот на ноктот и се шират се додека ноктот расте. Ноктот најпрво пожолтува, а со тек на време станува кршлив и се задебелува. Ако третманот на инфицираниот нокт почне покасно, често се јавува и болка.
Отстранување на габична инфекција на ноктите
Отстранувањето на габичната инфекција е долготраен процес бидејќи ноктите на нозете растат многу споро, а локалниот третман на габичната инфекција трае се додека не израсне потполно здрав нокт, за што е потребно од 6 до 12 месеци.
Како да спречите габична инфекција на базените?
Во тоалетите и околните површини покрај базените се препорачува користење на сопствени и чисти обувки. После капење се препорачува детално бришење со сопствен пешкир. Пешкирот никогаш не го оставајте на под или на некоја друга заедничка површина. Одржувачите на базените треба доследно да се грижат за чистотата на површините, тоалетите, тушевите и гардеробите.