Габични инфекции на ноктите честа појава кај спортисти
Габичната инфекција се нарекува охиномикоза. Таа е естетски проблем, но покрај неубавиот изглед на инфицираните нокти може да предизвика и болка при одење и да ја намали способноста за извршување на некои професии, како и квалитетот на животот. Габичната инфекција е постојан извор на болест која може да се пренесе и на соседните нокти, а истовремено ја зголемува и можноста за накалемување на дополнителна бактериска инфекција на ноктот.
Ноктите често се повредуваат за време на спортски активности
Оваа болест многу често се јавува кај спортисти. Тие поголем дел од времето го поминуваат во спортски обувки и често ги повредуваат ноктите за време на спортските активности. За спортските обувки карактеристична е влажната средина која габичките ја обожаваат. Пукнатините на повредените нокти им овозможуваат лесен пристап и идеално место за раст и развој на габичките. Габичните инфекции на ноктите кај спортистите се пренесуваат почесто и полесно бидејќи тие најчесто сакаат да одат боси на јавни површини како што се базените, спортските сали, гардеробите и заедничките тушеви.
Колку подолго трае инфекцијата, толку повеќе ноктот се инфицира
Инфекцијата вообичаено започнува на еден нокт, и тоа на неговиот страничен дел. Ноктот може да постане жолто-бел, да се одвои од лежиштето и да се задебели. Зафатената површина на ноктот постепено се зголемува. Колку подолго трае инфекцијата, толку повеќе ноктот може да се инфицира. На почетокот габичната инфекција на ноктите е тешко видлива, но како напредува, таа може да биде проследена и со болка во ноктот за време на одење и извршување на спортските активности, како и да предизвика проблем при носење на обувки.
Тврдокорна и долготрајна инфекција – делувајте веднаш!
Габичната инфекција е тврдокорна и долго трае. Многу е важно да преземете соодветни мерки веднаш откако ќе ја забележите првата промена на ноктите. Третманот и грижата на инфицираниот нокт трае се додека не порасне целосно здрав нокт.
За да избегнете габични инфекции на ноктите, препорачуваме да ги следите следниве совети:
- Не одете боси на јавни површини.
- Не позајмувајте користени спортски обувки.
- Не одете боси во заеднички тушеви.
- Често дезинфицирајте ги и перете ги спортските обувки како би спречиле ширење и развој на габички.
- После секоја спортска активност, добро исушете ги спортските обувки пред да ги облечете.
- Дезинфицирајте ги рацете ако сте биле во контакт со особа која има габична инфекција на ноктите.
- Мијте ги рацете после употреба на заеднички спортски реквизити.