Nailner
Nailner > Корисни совети > Габични инфекции на ноктите: приказна без крај?

Габични инфекции на ноктите: приказна без крај?

Автор на текстот
Нина Фридрих, М-р. Фарм.

Зачестеноста на габичните инфекции на ноктите во Европа (онихомикози) изнесува дури 23%. Габичките се природно присутни микроорганизми на нашата кожа кои кај здрави лица не предизвикуваат потешкотии, а ако се прошират премногу може да предизвикаат инфекција на ноктите или кожата. Габичните инфекции започнуваат како бело или жолто пребојување на слободниот раб на ноктот на нозете или рацете. Ако габичките се прошират подлабоко во ноктот, тој станува подебел, врвовите стануваат кршливи и ноктот добива потемна боја. Инфекцијата може да се пренесе од еден нокт на останатите, особено ако не водиме доволно грижа за хигиената.

Откријте ги промените на ноктите и веднаш превземете мерки!

 

Габични инфекции на ноктите: приказна без крај?

Кои се ризик фактори?

  • Старост. Кај пациенти од 60 до 79 години габичните инфекции се појавуваат кај 18%, додека кај младите од 19 години се појавуваат кај 0.7% од случаите.
  • Хронични болести (пр. дијабетес, лица со слаб имун систем, пациенти со канцер)
  • Пореметувања во периферните крвни садови
  • Инфекциите се шират на места како туш-кабини, тоалети, сауни, базени или соблекувални, каде подните површини се најчесто водени, а луѓето боси.
  • Оштетувања на ноктите го зголемуваат ризикот од габични инфекции на зафатениот нокт, особено кај постара популација.
  • Потење на стапалата: на инфекции особено се подложни спортисти
  • Тесни обувки кои не дишат – вештачки материјали, работнички обувки.

А што со превенцијата?

  • Носете обувки од природен материјал (кожа, платно) кои не смеат да бидат тесни и памучни чорапи кои може да се перат на високи температури.
  • Не одете боси во јавни туш-кабини, сауни, соблекувални, теретани.
  • Избегнувајте носење туѓи обувки (изнајмување на скијачни чевли, лизгалки, обувки во куглани)
  • Добро исушете ги стапалата после туширање а посебно кожата помеѓу прстите
  • Во својот дом користете свој пешкир и перете ги на висока температура
  • Ноктите сечете ги рамно и не прекратки

Како можете сами да си помогнете во лечењето?

За ефикасно лечење на габичните инфекции Лечењето морате да го започнете веднаш штом ке ја откриете инфекцијата. Многу е важно производот да се нанесува редовно и доволно долго. Обично се работи за долготраен процес, 0д 3 до 6 месеци, понекогаш и подолго. Габичните инфекции најчесто се јавуваат во внатрешноста на ноктот, што значи дека производот мора да помине низ тврдото, пожнато ткиво на ноктот. Nailner лакот и Nailner пенкалото  содржат млечна киселина која создава кисела и неповолна средина за развој на габичките. Меѓутоа, за да поминат длабоко во структурата на ноктот Nailner лакот и Nailner пенкалото содржат ефикасен систем на носачи кои овозможуваат пристап на млечната киселина онаму каде што е потребно.

 

ИЗВОРИ

  1. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4047123/
  2. http://www.sfd.si/uploads/datoteke/glavnik.pdf
  3. http://koroskalekarna.si/svetovanje/farmacevtov-nasvet/glivicne-okuzbe-stopal-in-nohtov/

Поврзани текстови

Габични инфекции на ноктите честа појава кај спортисти

Габичната инфекција се нарекува охиномикоза. Таа е естетски проблем, но покрај неубавиот изглед на инфицираните нокти може да предизвика и болка при одење и да ја намали способноста за извршување на некои професии, како и квалитетот на животот.

Повеќе

Каде можам да купам?

Nailner 2 во 1 лак и пенкало достапни се во аптеките.