Nailner
Nailner > Корисни совети > Онихомикоза – се што треба да знаеме за габичните инфекции на ноктите

Онихомикоза – се што треба да знаеме за габичните инфекции на ноктите

Автор на текстот
Анамарија Балич, спец. Дерматовенеролог, Клинички центар Загреб

Онихомикоза е габична инфекција на површината на ноктот, коренот на ноктот или средината на ноктот која претставува една третина од габичните инфекции на кожата и нејзините аднекси, воедно и половина од сите болести на ноктот.

Во околу 90% од случаите онихомикозата ја предизвикуваат дерматофити, т.е. габи од видот Trichophyton, ред Epidermophyton (tinea unguium). Преостанатите случаи се предизвикани од квасни габи (Candida) и недерматофитни плесни (пр. Scopulariopsis, Fusarium, Aspergillus, Alternaria).

Инциденцата на болеста е многу почеста од вообичаено забележаната

Се смета дека појавата на болеста е многу почеста од  вообичаено забележаните  2–8%, од кои застапеноста меѓу жителите во Европа е 23%.

Промената на начинот на живот и секојдневните навики како носење тесно обувки, изложеност на влажни и недоволно дезинфицирани површини во спортски објекти како и ширење на различни родови на габи  многу допринесуваат кон пораст на зачестеноста на габичните инфекции во светот.

Ризик фактори

  • Постоечка габична инфекција на кожата на стапалото (tinea pedis)
  • веќе постоечка дистрофија на ноктот
  • повозрасни особи
  • Иимуносупресивна состојба
  • ериферна васкуларна болест
  • периферна неуропатија, најчесто при шеќерна болест
  • хиперхидроза – прекумерно потење
  • псоријаза
  • траума и деформитети на стапалото

Носењето оклузивни обувки и чорапи кои оневозможуваат влез на воздухот во обувките и водат до поинтензивно потење на стапалото и влажна средина која е погодна за ширење на габични инфекции, истото се случува и при контакт со различни влажни површини пр. базени, сауни, соблекувални. Во денешно време со пораст на трендот на ставање вештачки нокти или гел на ноктите, се почеста е појавата на дерматомикози кај младата женска популација.

Ноктите на прстите на стапалото почесто заболуваат од ноктите на рацете

Тоа се случува поради спориот раст, намален доток на крв, како и темната и влажна средина.  

Инфекцијата најчесто започнува на слободната површина на ноктот и неговите странични делови како бели или жолтеникави дамки кои се шират кон основата на ноктот.  Подоцна може да се појави и одвојување на плочата на ноктот т.н. онихомикоза и субунгвална хиперкератоза која најпрво предизвикува задебелување на ноктот, а на крајот негово уништување и гниење.

Онихомикозата и нејзините последициповеќе од естетски проблем

Дерматомикозата не е само естетски проблем кој естетски ги оптеретува пациентите, ја намалува самодовербата, засрамува, ги менува секојдневните навики, па дури и предизвикува страв од појавување во друштво поради поизразити деформации на ноктот.   

Понекогаш поради ограничено движење како резултат на изразито задебелување на ноктот и болки, онихомикозата може да доведе до влошување на периферната циркулација, венска стаза и дијабетско стапало.  

Развојот на бактериски инфекции е олеснет, бидејки нелекувана онихомикоза е постојан извор на инфекции. Габичната инфекција може да се прошири од ноктот на останатите делови на телото и да предизвика болест кај други лица.  

Лекувањето на онихомикоза е вистински предизвик  

Со оглед на тоа што габичните инфекции се причинител на половина од дистрофиите на ноктите , многу е важно да бидете сигурни дека се работи за габична инфекција, бидејки во спротивно ако заболениот нема онихомикоза треба да се избегне долготрајно и неуспешно лекување со антимикотици.

При рано препознавање на инфекцијата и зафатеност на помала површина од плочата на ноктот  на еден или неколку нокти, интензивната терапија со локални антимикотици се покажала ефикасна при редовна и долготрајна употреба.

На пазарот постојат голем број медицински средства за локална терапија на онихомикоза, најчесто нивниот механизам на дејство го успорува растот и развојот на габичките со снижување на pH на ноктот. Во кисела средина габичните ензими кератинази не можат да го разградат кератинот како главен извор на хранливи материи, а последователно го спречуваат растот и развојот на габичките.

Во локални облици на лекување се вбројуваат и терапија со ласер, фотодинамска терапија и хируршка терапија.  

Кај напредната или проширена онихомикоза  денес лекувањето се заснова на системска терапија, без локална терапија или во комбинација со локална терапија. Системската терапија е терапија од избор онаму каде што претходно е направен неуспешен обид за локално лекување, ако е зафатено повеќе од 50% од површината на дисталниот дел од плочата од ноктот, зафатен е матриксот на ноктот или се зафатени повеќе нокти.

За да се подобри ефектот од терапијата и да се спречи повторување на инфекцијата, пациентите не смеат да користат туѓи пешкири, чорапи или обувки, треба да ги сечат ноктите кратко, да ги одржуваат ноктите и кожата на стапалата суви, но хидрирани, да носат памучни чорапи кои се перат на температура ≥ 60 °C, да користат папучи во јавните тушеви, базени и гардероби, да го дезинфицираат приборот за нокти пред употреба, да користа прашок или спреј против габички во обувките, како и да работат на одржување на здравјето и контрола на хронични болести.

Заклучок: ако постои сомнеж за онихомикоза, се препорачува рано поставување на дијагноза и лекување со цел брзо излекување од инфекцијата и раст на здрав нокт. Доколку доволно рано се започне со лекување, секојдневната примена на локални препарати во период од 6 – 12 месеци, онихомикозата можеме успешно да ја лекуваме и на тој начин да спречиме понатамошно ширење на останатите делови од телото или на други лица и да спречиме воведување на системска терапија.  

Reference:

1. Westerberg DP, Voyack MJ. Onychomycosis: Current trends in diagnosis and treatment. Am Fam Physician. 2013;88:762-70.
2. Taheri A, Davis SA, Huang KE, Feldman SR. Onychomycosis treatment in the United States. Cutis. 2015;95:E15-21
3. Gold LFS and Rosen T. Onychomycosis: Diagnosis, treatment, and prevention strategies. Dermatology News. 2016:2-15.
4. Kreijkamp-Kaspers S, Hawke KL, van Driel ML. Oral Medications to Treat Toenail. Fungal Infection. JAMA. 2018;319:397-398.
5. Drago L, Micali G, Papini M, Piraccini BM, Veraldi S. Management of mycoses in daily practice. G Ital Dermatol Venereol. 2017;152:642-650.
6. Sleven R, Lanckacker E, Delputte P, Maes L, Cos P. Evaluation of topical antifungal products in an in vitro onychomycosis model. Mycoses. 2016;59:327-30.
7. www.aad.org/public/diseases/contagious-skin-diseases/nail-fungus, pristupljeno 13. 2. 2020.

Поврзани текстови

Габични инфекции на ноктите: приказна без крај?

Зачестеноста на габичните инфекции на ноктите во Европа (онихомикози) изнесува дури 23%. Габичките се природно присутни микроорганизми на нашата кожа кои кај здрави лица не предизвикуваат потешкотии, а ако се прошират премногу може да предизвикаат инфекција на ноктите или кожата. 

Повеќе

Каде можам да купам?

Nailner 2 во 1 лак и пенкало достапни се во аптеките.